Новиот јапонски премиер Јошихиде Суга денеска отпатува во Виетнам и Индонезија, во прва официјална посета на странска земја откако ја презеде функцијата од Шинѕо Абе.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е во карантин, откако еден припадник на неговото обезбедување бил позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Штајнмаер и рече дека се чекаат резултатите од тестот на претседателот.
Рускиот претседател Владимир Путин и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд разговараа за договорот во рамките на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта), како и за подготвеноста на двете страни да продолжат да работат заедно на ова поле, соопшти денеска Кремљ.
Во Австрија се регистрирани рекордни 1.747 новозаразени со коронавирусот, и иако се работи за корегирани податоци, ваква бројка немаше ниту на врвот на првиот бран од епидемијата во земјата
Кандидатката за премиер на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави денеска дека го освоила мандатот, а нејзината Лабуристичка партија е победник на изборите
Германската канцеларка Ангела Меркел упати денеска апел до граѓаните дека е неопходно да се направи се, за да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот.
Во најтешко погодената австралиска држава Викторија, ширењето на коронавирусот веројатно е ставено под контрола, а во изминатите 24 часа е регистриран само еден нов случај на Ковид-19, најмалку уште од почетокот на јуни
Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда
Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг тестиран е позитивно на коронавирус
Мажот, кој го уби средношколскиот наставник бидејќи на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед, ја „гаѓал“ слободата на изразување, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на местото на нападот во париското предградие Конфлан Сент-Онори