Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.
Европската Комисија не сака да ја коментира судската одлука во САД за глифосатот, а петгодишната дозвола за овој можно канцероген пестицид останува да важи засега.
Само 43 отсто од Израелците и Палестинците ја поддржуваат визијата за мир, според која, покрај Израел, ќе се создаде и палестинска држава, покажа заедничката анкета на Универзитетот во Тел Авив и Палестинскиот центар за политика и истражување.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ забележа пораст на нето добивката за 6,8 отсто во вториот квартал поради рекордна продажба. Меѓутоа, компанијата предупредува на „раст на протекционизмот“, како сериозна закана за глобалната автомобилска индустрија.
Најмалку 316 лица се повредени рано изутринава при уривање на дрвена платформа на музички фестивал во примирскиот град Виго во североисточна Шпанија, соопштија локланите власти.
Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи забрани какви било директни разговори со САД, јави иранската државна телевизија.
Невработеноста во Австрија минатиот месец се намали за осум отсто во однос на истиот месец минатата година. Од таквиот развој најмногу профитирале младите Австријци, а намалувањето е многу помало кај странската работна сила.
Европската комисија порача дека е во постојан контакт со земјите членки на ЕУ за изнаоѓање решение за хуманитарниот брод „Аквариус“, кој е во потрага во европско пристаниште каде би ги истоварил мигрантите што во петокот ги спаси во Средозменото Море, јави допсиничката на МИА од Брисел.
Турција направи доволно за да ги подобри односите со САД, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу. Тој додаде дека Вашингтон дејствувал спротивно на нивниот сојуз во поглед на суштинските безбедносни прашања.
Турското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека ги презема „неопходните мерки“ во врска со објавите на социјалните мрежи за состојбата во економијата и курсот на турската лира, кои би можеле да имаат негативно влијание врз „економската безбедност на Турција“.