Од утрово сите израелски амбасади и конзулати во светот се затворени, бидејќи дипломатите и воените аташеа се во штрајк поради долгогодишен спор со Министерството за финансии околу трошоците на дипломатските претставници
Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат
Младата активистка од Шведска Грета Тунберг (16) ја одби наградата за борба за заштита на животната средба, која ја доделува Нордискиот совет
Руската воена полиција е стационирана на главните и споредните патишта за заедничко патролирање со турските сили на северната сириска граница, што е предвидено да започне денес, изјави руски воен претставник
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја треба да располага со државна стратегија „за реинтеграција на Донбас и Крим“ и денеска ги опиша нејзините четири составни делови, пренесе Тасс
САД стравуваат дека во идните претседателски избори, освен Русија, би можеле да се мешаат и Кина, Иран и други земји
Засилените активности на НАТО долж границите на Заедницата на независни држави (ЗНД) предивикуваат особено загриженост, изјави денеска извршниот секретар на ЗНД, Сергеј Лебедев, на состанокот на Советот на министри за одбрана од ЗДН воБаку, престолнината на Азербејџан
Најстарата жителка на Руската Федерација, Танзилија Бисембеева од Астрахан, северен Казахстан, почина на 123 години
Најмалку 20 луѓе загинаа во насилните протести против зголемување на трошоците за живот во Чиле, објави државното Министерство за правда
Американскиот амбасадор во Турција Дејвид Сатерфилд беше повикан во турското Министерство за надворешни работи на разговор, откако Претставничкиот дом на САД ги призна масовните страдања на Ерменците за геноцид и повика на санкции за Турција поради операциите во Сирија