Албанија е главен производител на марихуана во Европа и меѓу првите земји во светот, а албанските криминални групи продолжуваат да бидат меѓу најглавните и најкоплексните во Италија, јави дописничката на МИА од Тирана.
Властите во Барселона денеска им порачаа на жителите да останат дома и да не се собираат во групи од повеќе од 10 лица за да се спречи ширењето на корона вирусот
Американскиот синџир ресторани за брза храна „Вајт касл“ вработи робот за приготвување хамбургери во соработка со новата роботичка компанија „Мисо Роботикс“, со седиште во Пасадена, Калифорнија, САД
Британската Влада ќе престане да се залага за работа од дома и ќе им даде поголемо дискреционо право на работодавачите да одлучат дали е безбедно да се вратат вработените на своите работни места, рече денеска премиерот Борис Џонсон
Британскиот министер за безбедност, Џејмс Брокеншир денеска оцени дека обидот на руските хакери да украдат истражувања за вирусот Ковид-19 е целосно неприфатлив
Познатиот германски вирусолог Хендрик Штрек е воздржан за прашањето за развивање на вакцина против коронавирусот и смета дека е неопходно да се подготви сценарио во случај да нема вакцина
Украина денеска најави дека ќе организира воени вежби на своја територија, како одговор на истиот таков потег кој го планира Русија на Кавказ
По изборите во Полска, што се одржаа на 12 јули, кога кандидатот на владеачката партија Право и Правда, актуелниот претседател Анджеј Дуда беше реизбран со мала разлика од два проценти, до Врховниот суд пристигнаа речиси 1.000 приговори , што е 15 пати повеќе отколку во 2015 година, на претходните избори
Шпанија нареди да се убијат речиси 100.000 куни на фарма, откако е потврдено дека го пренесувале коронавирусот, соопшти регионалното Министерство за земјоделство
Жестока расправа денеска прерасна во масовна тепачка во тајванскиот Парламент, третпат за 15 дена, а некои пратеници ги нападнаа политичките противници со водени бомби