Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска дадоа зелено светло за нови правила против злоупотребата на личните податоци на граѓаните во политички цели, јави дописничката на МИА во Брисел.
Британската кралица Елизабета Втора ги повика Британците да се обединат и да пронајдат заеднички јазик, во порака упатена во момент на поделби и расправи меѓу британските пратеници во врска со напуштањето на државата на Европската унија.
Претседателот на фламанската социјалистичка партија (СПА), Џон Кромбе, предлага да им се забрани на одредени лица да бидат родители, јави дописничката на МИА во Брисел.
Одлучувачките тела на ЕУ (Парламентот и Советот) доцна вчера постигнаа договор за директивата наречена „рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот“ која за прв предвидува задолжително породилно отсуство за мажите, јавува дописничката на МИА во Брисел.
Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повтори својот повик до земјите-членки „да одговорат позитивно и да посветат посебно внимание” на потребите на лицата коишто им припаѓаат на националните малцинства и да ги гарантираат нивните права”, онака како што е утврдено од страна на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Стејт департментот нареди дел од вработените на американската влада да ја напуштат Венцуела, само ден откако Вашингтон го призна опозицискиот политичар Хуан Гуаидо за нов венецуелски претседател.
Вкупно 182 лица осудени во Белгија за тероризам биле ослободени, рече министерот за правда Кун Генс, цитиран во локалните медиуми.
САД испратија два воени бродови во Тајванскиот Теснец, соопштија тајванските власти, а Министерството за надворешни работи на Кина побара од Вашингтон да се придржува до принципот „Една Кина“ на кој инсистира Пекинг.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Германија и Франција ги исмеваат Италија и Европската унија со договорот на овие две земји чија цел е Германија да добие постојано место во Советот за безбредност на ОН, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека „ќе продолжи да владее“ со земјата и покрај тоа што претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател, но и порача дека е подготвен за дијалог со опозицијата.