Првата година од легализацијата на марихуаната во Невада ги надмина очекувањата на регулаторите во тој сектор.
Стапката на смртност поради топлотни бранови може да се зголеми за 2.000 проценти во некои делови на светот до 2080 година, покажуваат резултатите од студија објавена во списанието ПЛОС Медисин.
Дванаесет училишта, од кои осум за девојчиња и четири за момчиња, биле нападнати со бомби и запалени во текот на изминатата ноќ во северниот дел на Пакистан, во област каде се активни милитанти поврзани со талибанците кои се противат на образование на девојчињата, соопшти денеска полицијата.
На осум локации во централниот, јужниот и источниот дел на Португалија денеска беа подобрени локалните температурни рекорди, а според прогнозите, топлиот воздух, што се простира над Пиринејскиот Полуостров, ќе донесе уште повисоки температури.
Министрите за надворешни работи на Северна и Јужна Кореја се сретнаа денеска во Сингапур, каде учествуваат на форумот во рамки на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Екстремното топлото време во Јужна Кореја е причинител за смртта на 35 лица од 23 јуни, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Водечкиот опозициски кандидат за претседател на Мали, Сумајла Сисе, изјави дека ги отфрла резултатите од првиот круг на гласањето, според кои, треба да има втор круг меѓу него и сегашниот шеф на државата, Ибрахим Бубакар Кејта.
Околу 890.000 сириски граѓани можат да се вратат во своите домови во претстојните месеци, изјави денеска шефот на Контролниот ценатар на руската национална одбрана, генерал Михаил Мизинчев.
Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.
Полицајци со палки и штитови ја оневозможија прес-конференцијата на опозицискиот лидер во Зимбабве Нелсон Чамиса, кој тврди дека претседателските избори биле нарушени.