Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за неговиот политички ривал Џо Бајден дека е „нешто подобар од бесно куче“.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изрази жалење што бил член на Комунистичката партија, за време на свечената комеморација по повод 30-годишнината од „Кадифената револуција“ во Прага, со која беше урнат комунизмот во тогашната Чехословачка.
Владата на Велика Британија и војската прикриле веродостојни докази за воени злосторства извршени од британски војници против цивили во Авганистан и Ирак, покажа истрагата на Би-Би-Си и Сандеј Тајмс.
Плоштадот Свети Марко во Венеција денеска повторно е поплавен и затворен за јавност, откакои градот беше погоден од плима со висина од 150 сантиметри, трето највисоко ниво досега забележано
Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека по истекот на Договорот за слободно движење во јануари 2021 година, Велика Британија ќе ги третира граѓаните на ЕУ и имигрантите од другите делови на светот на ист начин
Во Ирак и денеска продолжуваат антивладините протести во Ирак, а демонстрантите палеа гуми и блокираа патишта во делови на земјата
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и францускиот министер за надворешни, Жан-Ив Ле Дриан, на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за пораз на исламската држава, изразија поддршка за членство на Македонија во ЕУ, соопшти викендов Стејт департментот
Најмалку седум лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на гасовод во југоисточен Бангладеш, соопшти денеска полицијата
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска објави дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година
Русија почна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25 ноември минатата година во Керченскиот Теснец, соопштија руските власти