Најмалку шест лица загинаа, а 35 се повредени во ракетен напад извршен врз главниот град на Либија, Триполи, јави агенцијата Анадолија.
Соборениот од власт претседател на Судан Омар ал-Башир е префрлен во затворот Кобар во главниот град Картум, соопшти неговото семејство.
Додека многу аналитичари сметаат дека влошувањето на односите меѓу Русија и САД има обележја на „нова Студена војна“, врховниот командант на НАТО за Европа Куртис Скапароти се залага за поголема соработка меѓу двата нуклеарни ривали.
Францускиот претседател Емануел Макрон, по Големата национална дебата, во понеделникот требаше да соопшти серија на мерки за излез од кризата со „жолтите елеци“, но пожарот во Нотр Дам ја промени програмата.
Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи собир во Висконсин истата ноќ кога се одржи и годишната вечера на репортерите од Белата куќа во Вашингтон, со што третпат по ред нема да присуствува на тој настан.
Кинеска активистка за строги инспекции на вакцини е уапсена пред повеќе од еден месец, изјави денеска нејзиниот сопруг, откако таа учествувала во протест поради погрешни вакцини.
„Мајкрософт“ потврди дека хакери успеале да пристапат до корисниците на приватна пошта на Аутлук.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на заболени од мали сипаници ширум светот во првите три месеци од 2019 година се зголемил четирипати во однос на истиот период минатата година.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска предупреди дека хаосот во Либија, предизвикан од офанзивата на генералот Калифа Хафтар, го зголемува ризикот од присуство на терористи на мигрантските бродови кои се упатени кон Италија.