Москва верува дека Вашингтон може да почне воена интервенција во Венецуела, занемарувајќи го ставот на латиноамериканските земји, предупреди денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со вршителот на должност потпретседател на Венецуела, Делси Родригес.
Пакистан планира да поднесе тужба до ОН, обвинувајќи ја Индија за „тероризам врз животната средина” поради воздушните напади, кои ја оштетиле боровата шума и доведоа до раб на нуклеарен конфликт, изјави денеска владин министер.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека неговиот разговор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Ханој бил „суштински“.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео им вети денеска на Филипините дека САД ќе ги бранат доколку се најдат на мета на напади во Јужното Кинеско Море.
Бројот на загинати при самоубиствениот напад на екстремистичката група Ал Шабаб во хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу се искачи на 29, а повредени се 80 луѓе.
Најмалку две лица загинаа, а 24 се повредени при вчерашната експлозија на автомобил-бомба во Мосул, северен Ирак.
Патник фрлил неколку монети во моторот од авион на кинеската нискобуџетна авиокомпанија „Лаки Ер“, пред да се качи на летот од Ансинг до Кунминг.
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „враќање на мирот”, бидејќи според него движењето на „жолтите елеци” повеќе „не е разбирливо за поголем број на луѓе”, непосредно пред утрешните 16-ти протести по ред на движењето, кое бара подобра социјална и фискална правда, јави дописникот на МИА.
Бројот на случаите на морбили се зголемува со алармантно ниво ширум светот, а предводници се 10 земји каде се регистрирани три четвртини од новите случаи на мали сипаници, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Саудиска Арабија му го одзеде државјанството на новиот лидер на Ал Каеда, Хамза бин Ладен, синот на убиениот Осама бин Ладен, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.