Италијанскиот вице-премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска најави дека ќе побара ставање крај на операцијата „Софија“ на ЕУ, чија задача е спречување на илегалниот транспорт на мигранти преку Средоземното Море, доколку Брисел не прифати промени во правилата за нејзино спроведување.
Тројца мажи загинаа, а 10 деца се повредени денеска во Полска, при судар на два автомобили и автобус, што превезувал 32 ученици на возраст од 10 до 12 години.
Таксистите во Мадрид денеска го блокираа центарот на градот, барајќи построги прописи за такси службите кои работат преку апликација, како што е Убер.
Состојбата во сириската провиција Идлиб забрзано се влошува и покрај напорите на Русија и Турција за воспоставуваање зона на деескалација во таа област, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Се надевам дека на изборите за Европскиот парламент во мај, Французите „нема да ја изберат“ партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави денеска италијанскиот вице-премиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, предизвилувајќи со тоа нови тензии во односите меѓу Париз и Рим.
Европската Комисија денеска објави за прв пат извештај со кој се надева дека ќе може да го регулира феноменот на таканаречените златни визи во земјите на ЕУ и во земјите кандидати , јави дописничката на МИА од Брисел.
Говорејќи пред Парламентарното собрание, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд смета дека Русите се тие кои најмногу ќе страдаат ако Русија замине од Советот на Европа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Конзервативниот француски министер за финансии, Бруно Ле Мер, денеска изјави рече дека капитализмот може да се распадне ако нееднаквоста во светот продолжи да расте.
Парламентарното собрание на Советот на Европа, во кое заседaваат пратеници од 47 земји членки на Советот на Европа, изрази загриженост во однос на „шеријатскиот закон, вклучувајќи ги и одредбите кои се јасно спротивни со Европската конвенција за човекови права, а се применуваат официјално или неформално во неколку земји-членки на Советот на Европа”, јавува дописникот на МИА.
Лианг Хуа, шефот на кинескиот технолошки гигант Хуавеј, предупреди дека компанијата би можела да се повлече од пазарите на западните земји, ако продолжи да се соочува со ограничувања.