Францускиот претседател Емануел Макрон вчера побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии и претставниците на Движењето Жолти елици, кое ги организираа протестите поради зголемување на цените на горивата, со цел да се изнајде излез од актуелната криза.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија, а не Украина ја заштитува Европа од варварство, милитаризам и агресија, тиранија и тероризам.
Флекенштајн за транската телевизја „Клан“ истакна дека со извештајот што го подготвил за текот на реформите во Албанија, кој минатата недела доби согласност од ЕП, се бара да се испрати порака до Советот на министри на ЕУ.
Поради невообичаено високите температури денеска во Зоолошката градина и аквариум во Питсбург откажана е традиционалната Парада на пингвините.
Обединетите нации, на првиот ден од 24-та годишна Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24) што се одржува во полскиот град Катовице, упатија апел за многу порешителни акции во борбата против климатските промени.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната негова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе биде во јануари или февруари.
Иран ќе продолжи со ракетните тестирања со цел да ја зајакне својата одбрана, изјави денеска висок воен претставник откако американскиот државен секретар Мајк Помпео наведе дека Техеран извршил нова ракетна проба.
Милијардерот и основач на авиокомпанијата „Вирџин“, Ричард Бренсон се придружи на нова мисија, која има за цел да ја реши најголемата мистерија на океаните, Големата сина дупка во Белизе.
Во полскиот град Катовице денеска почна 24. годишна Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24).
Израелската полиција денеска соопшти дека пронашла доволно докази против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга во третиот случај за корупција, што се води против него.