Жените во ЕУ за својата работа се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, соопшти денеска Европската комисија, сликовито опишувајќи ја разликата во платите меѓу мажите и жените.
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура го оквалификува како конструктивен дијалогот на мултилатералната средба на врвот за Сирија во Истанбул.
Вооружено лице изврши напад во синагога во Питсбург, Пенсилванија. „Си-Би-Си“ јави дека најмалку осум лица се убиени.
Шпанската крајбрежна стража спасила денеска 359 мигранти.
Најмалку 41 припадник на коалицијата на курдски и апраски борци во Сирија, што ужива поддршка од САД, се убиени во контранапад на Исламската држава во источниот дел на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
По 2008 се зголеми веројатноста дека некој во 20-тите години од животот ќе биде дома со своите родители, а се поголем е бројот на многу старите кои одлучуваат да живат со своите веќе возрасни деца (кои всушност се грижат за нив). Студиите и искуствата укажуваат дека во секојдневието духот на меѓугенерациската соработка е жив и многу добар.
Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, зборуваат за состојбата во Сирија на Самитот што се одржува во Истанбул.
Осум мажи се уапасени во германскиот град Фрајбург поради сексуално злоставување на 18-годишна девојка.
Во Истанбул на 29 октомври ќе биде отворен најголемиот аеродром во светот, што се простира на површина од околу 76 квадратни километри.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека САД се изолирани од страна на нивните традиционални сојузници во судирите со Иран, истакнувајќи дека дури и Европа застанала покрај Техеран против повторно воведување на американски санкции.