Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа не смее да остане заложник на процесот за Брегзит кој е во тек
Заедничката меѓупланетарна мисија на Венера, на САД и Русија може да започне најрано 2027 година, дури и ако проектот наскоро почне да се финансира, изјави раководителката на истражувачкиот тим во рускиот Институт за вселенски истражувања Људмила Засова
Најпопуларните јадења во класичен ресторан, односно 94 отсто од нив, ги надминуваат препорачаните 600 калории, посочува ново истражување на Медицинскиот факултет во Сао Пауло, Бразил. За угостителските објекти за брза храна пак, тој број изнесува 72 отсто
Францускиот генерал Бруно Лере, денеска изјави дека припадниците на Армијата на Франција, кои утре ќе ги обезбедуваат јавните згради за време на 19-та сабота по ред на протести на „жолтите елеци“, ќе имаат право да отворат оган врз демонстрантите, доколку бидат загрозени нивните или животите на лицата кои ги штитат
Две градинки и 11 училишта во Москва денеска примиле анонимни дојави за бомби, а во исто време биле евакуирани и две илјади лица од зградата на бизнис центарот „Станиславски“ откако анонимно лице телефонски предупредило дека во објектот исто така има бомба
Во пресрет на Самитот ЕУ-Кина, што ќе се одржи на 9 април, лидерите на земјите членки на Унијата денеска разговараа за новата стратегија кон азискиот гигант и бара порамноправни економски односи
Петицијата која ја повикува британската Влада да го повлече Членот 50 со кој се регулира напуштањето на Британија на Европската унија, денеска ја потпишаа три милиони луѓе
Полицијата во јужниот француски град Марсеј уапси петмина српски државјани осомничени дека во период од неколку месеци извршиле 150 грабежи на вили на подрачјето на Тулон, предизвикувајќи штета која се проценува на 300.000 евра
Повеќе десетици илјади Алжирци денеска повторно се собраа во главниот град на земјата со барање за итна оставка на претседателот Абделазис Бутефлика
Полицијата во Казахстан денеска приведе десетици учесници во антивладини протести, организирани во два града од опозицискиот политичар Мухтар Абљазов, кој го обвини доскорешниот претседател Нурсултан Назарбаев дека планира власта да ја препушти на својата ќерка Дарига