Француската полиција попладенво спроведува голема акција во стразбуршкиот кварт Нодорф, каде му се загуби трагата на извршителот на завчерашниот терористички напад во Стразбур, Шериф Шекат.
Европскиот суд на правдата денеска реши дека со регулативата на Европската комисија со која се утврдени границите за издувни гасови од дизел моторите се дозволени премногу високи нивоа на емисии, посебно за азотниот оксид.
Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пристигнувајќи на Самитот на ЕУ истакна дека покрај за Брегзит, ќе се разговара и за европската одбрана и безбедност, тензиите во Азовско Море, како и состојбата на Западен Балкан.
Американскиот претседател денеска реагираше на вчерашната пресуда на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, нагласувајќи дека никогаш не барал од него да го прекршува законот.
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека страните вклучени во конфликтот во Јемен, по еднонеделни преговори, постигнаа договор за примирје во провинцијата Ходеида и за повлекување на војската од спорното пристаниште Ходеида на Црвено Море.
Бројот на мигранти кои од почетокот на годинава пристигнале во Шпанија преку Средоземно Море е двојно зголемен во споредба со истиот период лани, соопшти денеска граничната служба на ЕУ, Фронтекс.
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит.
Членови на семејства на некои од 189-те лица, кои кон крајот на октомври загинаа при пад на авион на индонезиската компанијата „Лајн ер“, протестираа денеска во главниот град на Индонезија, Џакарта, тврдејќи дека властите не вложуваат максимални напори за да се извлечат остатоците од леталото и останките на нивните блиски од морето.
Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.
Шведска забранува пушење на одредени јавни места на отворен простор, вклучувајќи игралишта и платформи на железничките станици.