Ширењето на гласини и дезинформации пред изборите во САД во 2016 година и пред референдумот за Брегзит во Велика Британија прозвучија како сигнал за аларм за традиционалните медиуми. Тие се ставија во позиција да се борат за повраќање на довербата на публиката и да застанат во првата линија на фронтот против „лажните вести“.
Повеќе од половината Американци не одобруваат политиката на претседателот Доналд Трамп кон Русија, но тоа не влијае врз неговата популарност.
Полицијата во босанското пристаниште Неум заплени 665 килограми марихуана. Како што јави ФЕНА, дрогата била откриена во товарно возило кое го управувал маж со двојно хрватско и босанско државјанство.
Победата на Франција на Светското првенство ќе обезбеди дополнителни 0,2 проценти зголемување на потрошувачката во земјата во 2018 година. Ова го предвидува светскиот лидер во комерцијалното кредитно осигурување „Euler Hermes“.
Автобуси и амбулантни возила денеска влегоа во шиитските села Ал-Хуа и Крефраја, кои се под опсада на бунтовниците во северозападниот дел на Сирија, во согласност со договорот за евакуација на илјада жители во замена за ослободување на стотици затвореници од државните затвори, јави државната телевизија.
Еден рудар загина денеска при одрон во рудник во западна Романија, соопшти раководителот на романскиот Оперативен центар за вонредни состојби, Раед Арафат.
Повеќе илјади работници во европските магацини на американската компанија Амазон стапија во штрајк со барање за подобри услови за работа и поголеми плати.
Вредноста на акциите на американскиот производител на автомобили Тесла драстично се намали и тоа поради коментар на извршниот директор Илон Маск.
Претставници на Демократската партија на САД синоќа го отфрлија оградувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од неговите изјави дадени во Хелсинки на средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Али Акбар Салехи, директорот на иранската Организација за атомска енергија, изјави дека Исламската Република има 950 тони ураниум во своите резерви, односно 400 тони повеќе отколку што имаше во 2015 година, кога беше потпишан Договорот за иранската нуклеарна програма.