Кинеските власти покренаа истрага за продажбата на челик од Европската унија и од Јужна Кореја во таа држава, што може да ги искомпликува настојувањата на Пекинг да обезбеди поддршка од Брисел и Сеул во царискиот спор со претседателот на САД Доналд Трамп.
Повеќето момчиња, спасени од пештера во Тајланд, заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да се вратат на секојдневниот живот, соопштија денеска тајландските власти.
Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 соопштија дека засилените тензии во трговијата и геополитика се закануваат да го исфрлат од колосек светскиот раст, и повикаа за поголем дијалог.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ја помогнал евакуацијата на Белите шлемови од Сирија во Јордан на барање на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери.
Идните возачи во Австрија веќе нема да може да полагаат возачки испит на турски јазик, објави Министерството за сообраќај.
Најмалку 25 луѓе се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала во западниот дел од Иран. Во таа држава вчера беа регистрирани три потреси во кои се повредени речиси 290 луѓе.
Две лица се убиени и 13 се повредени во престрелка што синоќа се случи во Торонто. Еден од убиените е напаѓачот, а меѓу повредените кои се хоспитализирани има едно деветгодишно девојче.
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди својот ирански колега Хасан Рохани никогаш повеќе да не се заканува на САД.
Најмалку 30 лица починаа од топлотниот удар кој ја погоди Јапонија во текот на викендот, живата на термометарот се искачуваше и над 38 степени Целзиусови.