Момче на возраст од 15 години синоќа е убиено од страна на израелски војници, во близина на Витлеем на Западниот брег, соопштија палестински здравствени власти.
Промената на кривичното законодавство на Руската Федерација ќе доведе до ослободување на околу 14.000 затвореници, објави руската телевизија "360".
Германија ќе ги укине економските санкции што ги воведе кон Анкара пред една година, јави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Во јапонскиот град Кумагаја, северно од Токио, живата во термометарот утрово се искачи на 41,1 степен Целзјусов, што е рекорд во земјата откако се води статистика.
Кинеските власти покренаа истрага за продажбата на челик од Европската унија и од Јужна Кореја во таа држава, што може да ги искомпликува настојувањата на Пекинг да обезбеди поддршка од Брисел и Сеул во царискиот спор со претседателот на САД Доналд Трамп.
Повеќето момчиња, спасени од пештера во Тајланд, заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да се вратат на секојдневниот живот, соопштија денеска тајландските власти.
Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 соопштија дека засилените тензии во трговијата и геополитика се закануваат да го исфрлат од колосек светскиот раст, и повикаа за поголем дијалог.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ја помогнал евакуацијата на Белите шлемови од Сирија во Јордан на барање на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери.
Идните возачи во Австрија веќе нема да може да полагаат возачки испит на турски јазик, објави Министерството за сообраќај.