По вчерашното признавање на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД, денеска следи признавање и од страна на Чешка Република.
Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров „факт“, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
Осум земји од 15-члениот Совет за безбедност на ОН синоќа побараа свикување на вонредна седница на Советот, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Палестински граѓански и исламисткички организации повикаа денеска да се одржат генерален штрајк и протестни митинзи, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Израелските локални власти ги осветлија ѕидовите на стариот град во Ерусалим во црвена, бела и сина боја, за да покажат благодарност за признавањето од претседателот Трамп како главен град на Израел.
Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ги поништува сите права САД да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори смета палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Претседателот на Франција повика по секоја цена да се избегне насилство по одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинската организација Хамас во првичниот коментар во врска со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел нагласува дека со тој потег „се отвораат вратите на пеколот“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја оквалификува како „историска“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Американскиот претседател, Доналд Трамп објави дека дошол моментот кога Ерусалим треба официјално да биде признат како претстолнина на Израел.