Москва не гледа волја кај Вашингтон за продолжување на дијалогот за стратешка стабилност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека „нема да биде крај на светот“ доколку Велика Британија не постигне договор со Европска унија за Брегзит.
Голем број експерти денеска во Женева ќе разговараат за така наречените роботи убијци односно автономните футуристички оружени системи кои би можеле да завојуваат без интервенција од човекот.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран во близина на островот Тимор, во источниот дел на Индонезија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Северна Кореја и понатаму ја загрозува безбедноста на Јапонија, и покрај запирањето на ракетните проби и ветувањата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека ќе го денуклеаризир Корејскиот Полуостров, објавено е во Белата книга на јапонското Министерство за одбрана.
Во едногласно усвоена декларација на Советот за безбедност на ОН се повикаат авганистанските талибанци да учествуваат во новиот прекин на огнот, како што предложи авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Иран ќе ги надмине новововедените мерки од САД против Техеран, санкции кои само ќе ја обединат нацијата, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Канадскиот премиер Џастин Трудо и претседателот на САД Доналд Трамп имаа конструктивна дискусија по веста за постигнатото разбирање меѓу Вашингтон и Мексико за повторни преговори за северноамериканскиот договор за слободна трговија, соопшти кабинетот на канадскиот премиер.
На средбата со новинарите во руската република Хакасија во Сибир, Шојгу најави дека околу 300.000 војници и повеќе од 1.000 авиони ќе учествуваат во маневрите „Исток-2018“.
Тврдењата дека Русија тежнее да ја подели или ослабне Европа се апсурдни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.