Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар.
По утринските остри критики на сметка на Германија, за нејзиното одбивање да троши повеќе за одбрана и за договорот за гасоводот Нордстрим, американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со канцеларката Ангела Меркел за која рече дека била одлична.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне в недела со рускиот колега Владимир Путин за време на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Москва, соопшти денеска Елисејската палата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а теми на разговор ќе бидат конфликтот во Сирија и мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.
Пред Самитот на НАТО американскиот претседател Доналд Трамп се расправа со сојузниците пред се, со Германија. Тој ја обвинува Владата во Берлин дека не дала доволно пари за одбрана. Дали е во право?
Словачка денеска најави дека ќе купи 14 борбени авиони Ф-16 од САД, со кои ќе ги замени руските летала МиГ-29.
Португалската полиција уапси десетици членови на бандата „Ангели на пеколот“, кои според властите се „исклучително насилни“. Во полициската акција вклучени се 400 полицајци, кои извршија претрес во околу 80 објекти.
Еден од 69-те авганистански мигранти кои беа депортирани од Германија се самоубил по принудното враќање во Авганистан.