Првпат во последните 50 години падна снег во јуниот дел на Мароко. Метеоролошката служба на Мароко соопшти дека снегот падна во близина на Загора и оти е последица на студен бран.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека ликвидирала осомничен член на џихадистичката група Исламска држава (ИД), кој се подготвувал да изврши напад во градот Нижни Новгород на денот на претседателските избори во Русија - 18 март.
Околу 71 отсто од Русите изјавиле дека цврсто се решени да гласаат на претстојните претседателски избори и околу 70 проценти од нив ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин.
Организацијата на активисти за потранспарентен финансиски систем „Мрежа за даночна правда“ (ТЈН) ги обвини Швајцарија и САД дека се главни центри на нетранспарентно банкарско и финансиско работење во светот.
Три лица загинаа, а двајца се повредени кога врз една куќа во Јужна Калифорнија се урна хеликоптер само неколку минути по полетувањето.
Земјите од Западниот Балкан имаат јасна европска перспектива и може да сметаат на поддршката на Европскиот парламент во тој процес, но сепак топката е во нивниот двор, изјави претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани во пресрет на неговата денешна посета на Белград.
Армијата на Русија е една од најдобро вооружените во светот, што го докажува и воената операција во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на конференција посветена на резултатите од специјалната операција во Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нова извршна наредба со која ја објави неговата намера да го остави отворен американскиот воен затвор во базата Гвантанамо на Куба, соопшти Белата куќа.
По напуштањето на Велика Британија, Европската унија треба да се прошири кон Балканот, изјави денеска во Виена унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува дека е навреден оти не се најде на т.н. „Кремљска листа“ на САД, оценувајќи ја како „непријателски чин“ и истакна дека Москва засега ќе се воздржи од одговор.