Кинеското Министерство за надворешни работи ја оквалификува денешната експлозија близу американската амбасада во Пекинг како „изолиран инцидент“’.
Палестински радикали од Појасот Газа синоќа истрелале девет ракети против Израел од кои едната била пресретната од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“, соопшти прес-службата на израелската армија.
Грција и Македонија реагираат на обидот на Москва да ги „подгрее“ немирите поради компромисот на двете земји, а пропагандниот одговор на Кремљ гласи дека сите играат како што свири Америка, пишува политичкиот аналитичар Константин фон Егерт во коментар за Дојче веле за фијаското на руската политика на Балканот.
Голем пожар изби во текот на ноќта во петкатна зграда во Лондон, во квартот Вест Хемпстед, поради што беа евакуирани 50 лица.
Маж детонираше бомба пред американската амбасада во главниот град на Кина, Пекинг, но засега не се познати неговите мотиви.
Кинеската полиција уапси жена која денеска се поли со бензин, во обид да се самоубие во близина на Амбасадата на САД во Пекинг, објави државниот кинески весник „Глобал Тајмс“ по информациите за експлозија.
Експлозија одекна денеска во близина на американската Амбасада во Пекинг, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци од местото на ицидентот. Фотографии објавени на Твитер покажуваат голем чад и полициски возила во близина на Амбасадата, што се наоѓа во североисточниот дел од Пекинг.
Јапонија денеска ги погуби преостанатите шестмина припадници на култот „Аум Шинрикио“ (Врховната вистина на Аум), одговорен за нападот со смртоносен гас сарин во токиската подземна железница во 1995 година.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини упати протест до водечкиот италијански католички неделник Famiglia Cristiana откако го споредија со сатана на насловната страница поради неговиот бескомпромисен став за имиграцијата.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека од националната валута боливар наскоро ќе се отсранат пет нули.