Американскиот амбасадор во Естонија, Џејмс Мелвил поднесе оставка, бидејќи, како што рече, е разочаран од коментарите на претседателот на САД, Доналд Трамп за Европската Унија и неговиот однос со европските сојузници на Вашингтон.
Германија е подготвена да испрати дополнителни полицајци, особено во Бугарија, како дел од мерките за заштита на надворешната граница на Европската унија, јавува ДПА, повикувајќи се на писмо на канцеларката Ангела Меркел.
Во Австрија во иднина луѓето кои сметаат дека не се ниту машки ниту женски пол, во официјалните документи ќе можат да внесат нов полов идентитет, но се уште не е одлучено кој насзив ќе се користи за „третиот пол“.
Односите помеѓу Европска унија и САД би можеле да бидат помалку драматични, изјави денеска претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.
Поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе реони во североисточниот и централниот дел на Романија, при што едно лице загина.
Германската канцеларка Ангела Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија, се наведува во документот во кој имала увид агенцијата ДПА.
Австрија од утре го презема шестмесечното претседавање со ЕУ во чувствителен момент, посебно поради очекуваното завршување на договорот за Брегзит и буџетот на Унијата.
Во оманскиот град Куријат неодамна е регистрирана највисоката ноќна температура во историјата, кога се измерени 42,6 степени Целзиусови.
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на Германија и други европски држави дека треба повеќе да трошат на НАТО и оти „не се фер кон САД“.
Русија се заканува дека може да им ги одземе руските дозволи за работа на телевизискиот канал Франс 24 и на германската медиумска куќа Дојче веле поради кршење на рускиот медиумски закон.