Европските сојузници во НАТО не ги прифаќаат критиките на американскиот претседател Доналд Трамп дека малку трошат на одбраната.
Суад Абдерахим, која беше прва на листата на исламистичката партија „Ан Нахда“ на локалните избори во Тунис, е избрана за градоначалничка на истоимениот главен град на земјата со што стана првата жена на оваа функција.
„Ауди“ ја пренесува мобилноста во третата димензија. Минатата недела во Берлин беше потпишан посебен документ за намерите на компанијата.
Околу 60 луѓе, осомничени за илегална трговија со оружје се приведени во денешната операција спроведена во исто време во 14 турски окрузи.
Активисти на Гринпис соопштија дека нивен дрон удрил во француската нуклеарна постројка со цел да се докаже дека има недостатоци во безбедноста на објектот.
Нападот врз управникот на Унгарската опера беше груб и неочекуван. Напаѓачот е Маѓар Идук од владејачката партија Фидес.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека разговорите со Пјонгјанг се движат во добра насока.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека договорот за миграцијата постигнат помеѓу партиите во германската владејачка коалиција, изгледа дека е во согласност со законодавството на Европска унија.
Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција.
Неименувани извори во Европската комисија соопштија дека правилата на ЕУ за баратели на азил дозволуваат создавање на транзитни зони во државите членки на ЕУ во кои би се обработувале барањата за азил.