Британскиот министер за надвопрешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека најверојатно лично рускиот претсеател Владимир Путин донел одлука да се употреби нервниот агенс во нападот врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја повика Русија да „соработува“ во случајот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија и наведе дека НАТО „не сака нова Студена војна“.
Како што објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“, Ердоган оценил дека „јазичната револуција“ спроведени во првите години на Републиката, му „нанела штети на трскиот јазик“.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва очекува Велика Британија, САД и нивните партнери наскоро да преземат нови чекори против Русија, во врска со труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал.
Засега непознат број лица загинаа при уривањето на новоизградениот масивен пешачки мост во Мајами, што поврзувал кампус со универзитет.
Столтенберг изјави дека ќе има состанок со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска во Брисел за да разговара за нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија.
Русија наскоро ќе протера британски дипломати како одговор на британската одлука за протерување 23 руски дипломати по труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал со нервен агенс. Тоа го изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека „изградбата на американски бази во Сирија“ наговествува дека е можна Трета светска војна. Изградија 20 бази во Сирија. Зошто ги изградија?
САД се солидарни со Велика Британија и сметаат дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот припадник на руското воено разузнавање ГРУ, Сергеј Скрипал, изјави синоќа американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли.
Откако во Бундестагот беше по четврти пат избрана за канцелар на Германија, Ангела Меркел, се случил безбедносен инцидент. Еден маж се обидел да се пробие низ гужвата до Меркел, додека излегувала од зградата на германскиот парламент на пат кон претседателот на државата, Франк-Валтер Штајмајер.