Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел се сретнаа во Брисел на маргините на дводневниот Самит на лидерите на членките на Североатланската алијанса.
Зградата популарно наречена „Burj Al Hawa“ (Ветровитата кула) е едно од најзнаменитите зданија во Бејрут, Либан. Денес е позната по шарените завеси на прозорците, идеја на архитектот и уметник Џад Ел Кури.
Брисел е целосно подготвен за вториот ден на средбата на врвот на НАТО, за чија безбедност се грижат 2.400 полицајци и 1.000 војници, распоредени на секои 100 метри долж патот од центарот до аеродромот.
Портпаролот на авганистанското Министерство за хуманитарна помош Омар Мохамеди изјави дека надојдената вода целосно уништила околу 300 куќи во долината Пандшир.
Турција до крајот на годинава очекува испорака на напредни руски противвиздушни системи Ц-400, соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Новата египетска министерка за здравство Хала Зајед издаде декрет со кој се наредува во државните болници насекаде низ Египет, секое утро преку разглас да се интонира националната химна, а потоа да се емитува и Хипократовата заклетва.
Лидерите на државите на НАТО вчера го одобрија заедничкото соопштение на Самитот на Алијансата во Брисел. Погледнете ги главните точки во документот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по завршувањето на Самитот на НАТО, ќе отпатува во прва официјална посета на Велика Британија, каде ќе се сретне со премиерката Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора.
Италија нема да се согласи на договор според кој ќе прима мигранти назад од Германија, се додека ЕУ не преземе активности за заштита на своите надворешни граници и не почне да го дели товарот на миграцијата, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.
Вашингтон го повтори предупредувањето дека може да воведе санкции за западноевропски компании кои инвестирале во рускиот гасовод „Северен поток 2“ кон Германија.