Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Северна Кореја се уште не вратила посмртни останки на американски војници кои загинале во текот на Корејската војна.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека средбата со рускиот колега Владимир Путин најверојатно ќе се одржи во главниот град на Финска, Хелсинки.
Барањето, иницирано од Либералната партија доби 166 гласови, а за распуштање на Владата на премиерката Вјорика Данчила беа потребни 233 гласови.
Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин оценија дека планираната средба ќе ги подобри билатералните односи, изјави советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон.
Во американската сојузна држава Канзас е прогласена вонредна состојба поради торнадото што го погоди градот Јурека, при што се повредени осум лица.
Околу 3.000 луѓе се евакуирани поради пожар што изби тргоговскиот центар „Атриум“ во центарот на Москва. Во меѓувреме огнот е изгаснат.
Врховниот суд на Шпанија денеска ја отфрли жалбата на 15 каталонски сепаратистички политичари, оценувајќи дека обвинувањата подигнати против нив за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на јавните фондови, имаат доволно основа.
Москва и Вашингтон постигнаа договор за одржување на средба помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави помошникот на рускито претседател Јуруиј Ушков.
Одлучувачкиот натпревар во Групата Ф помеѓу Германија и Јужна Кореја би можела да ја чини германската економија помеѓу 130 и 200 милиони евра, бидејќи натпреварот се игра за време на редовното работно време, наведува медиумската група Функе..
Турскиот суд денеска го ослободи новинарот Мехмет Алтан, јави турската новинска агенција Анадолија. Пред четири месеци Алтан беше осуден на доживотен затвор под обвинение дека бго помагал обидот за државен удар во Турција во 2016 година.