Раководството на фудбалскиот клуб Шалке денеска остро ги осуди постапките на дел од клупските навивачи, кои фрлаа со јајца врз играчите и вербално ги нападнаа неколку часа откако екипата синоќа и официјално го загуби прволигашкиот статус во Бундеслигата.
Екипата на Тотенхем вечерва во Премиер лигата триумфираше над Саутемптон со 2:1 во првиот натпревар предводен од клупата од Рајан Мејсон.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги објави денеска имињата на 19. судии, кои ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство, меѓу кои првпат во историјата на завршните турнири на Стариот континент се најде и јужноамерикански арбитер.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, се врати денеска на тренинзите, откако поради повреда на ногата ги пропушти последните два натпревари во шпанското првенство.
Калчолигашот Наполи ќе ја активира клаузулата во договорот со Дрис Мертенс, кој е најдобар стрелец во историјата на клубот, со цел белгискиот напаѓач да остане во Неапол до лето 2023 година, односно една година подолго од планираното, јавија денеска италијанските медиуми.
Актуелниот италијански првак Јувентус, кој сезонава има резултати под очекувањата, ќе му врачи отказ на тренерот Андреа Пирло на крајот од првенството, а за негов наследник ќе настојува да го донесе стратегот на Баерн Минхен, Ханси Флик.
Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра во групата Г на Олимписките игри во Токио со Германија, Брегот на Слонова Коска и Саудиска Арабија, одлучено е денеска со жрепка.
Само два клуба од 12 учесници во Супер лигата сè уште не го напуштиле проектот за создавање нов турнир
Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски закрепна од повредата. Денес Полјакот го помина најголемиот дел од тренинзите со тимот без ограничувања
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се состана со главниот тренер Роналд Куман и четворицата капитени на каталонскиот клуб за да ја разјасни позицијата на клубот во Супер лигата на Европа