Л.А. Лејкерс се на победа од финалето на Западната конференција во НБА откако повторно го совладаа Хјустон, овој пат со 110:100 и сега поведоа со 3-1 во серијата.
Милан објави дека напаѓачот Андре Силва е продаден на Ајнтрахт (Франкфурт). Соопштението беше објавено вчера вечерта, а продажбата на Анте Ребиќ од германскиот тим на „росонерите“ се очекува да биде финализирана во наредните денови.
Хрватот Мате Павиќ и Бразилецот Бруно Соареш ја освоија титулата во двојки во машка конкуренција на УС Опен, откако во финалето ги совладаа осмите носители Весли Колхоф од Холандија и Хрватот Никола Мектиќ од Хрватска со 7:5, 6:3.
Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен.
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, вели дека за Ливерпул е многу поважно да се држи до победничката формула отколку да носи играчи само за да каже дека направиле нешто во преодниот рок.
Белгискиот фудбалер Мичи Батшуаи следната сезона ќе игра за Кристал Палас како позајмен играч од Челси.
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон го искористи својот профил на Твитер за да даде совет на суперѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо.
Раководството на Барселона ги прекина разговорите со Интер за Артуро Видал, пишува„ Газета дело Спорт“.
Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса објави дека ќе продолжи да го води тимот и во сезоната 2020/2021.
Поранешниот играч за врска на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, може да ја продолжи кариерата во италијанскиот шампионат, каде сè уште не настапил, објави „Секоло XIX“.