Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал би можел да се пресели во Интер, пишува денеска Газета дело Спорт.
Македонската женска фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако попладнево загуби во Скопје од Словенија со 5-0 (2-0) во рамки на 2 коло во групата Ц 2.
Британската Влада ја поддржа одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Параолимпискиот комитет (ПОК) да им дозволат на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат под неутрален статус на претстојните Игри во Париз.
Натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела ќе се играат според планираното и покрај терористичките закани од Исламска држава, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).
Покривот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ вечерва ќе биде затворен за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, во четвртфиналето на Лигата на шампионите, објави добро информираниот шпански новинар Хозе Феликс Дијаз.
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1.
Олимписките кругови ќе бидат поставени на Ајфеловата кула, соопштија денеска организаторите, додека Париз се подготвува да одбележи 100 дена до почетокот на Олимписките игри.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека неговиот тим не е разочаран што е елиминиран од Лигата на шампионите. Интер не успеа да го мине Атлетико Мадрид во осминафиналето, загуби по изведување пенали.
Двократниот европски шампион Вардар и германската компанија за спортска опрема „Кемпа“ потпишаа договор за соработка. Вардарци почнувајќи од следната сезона ќе бидат облечени во опремата на „Кемпа“.
Сопругите и девојките на фудбалерите на Баерн нема да го гледаат во живо вечерашниот натпревар со Арсенал. Ова се должи на казната изречена на Баерн за однесувањето на навивачите. Според „Билд“, играчите на Баерн биле лути поради оваа ситуација.