Рускиот интернационалец 21-годишниот Максим Максимов потпиша три годишен договор со нашиот клуб. Максимов доаѓа од литванскиот клуб Тракаи, за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лигата на Европа.
Фудбалскиот клуб Вардар и фудбалерот Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, со што црногорскиот интернационалец ќе може да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Дебитантот во македонската фудбалска репрезентација Висар Муслиу со оптимизам ги очекува претстојните квалификациски дуели со Израел и со Албанија. Тој е среќен што доби покана од селекторот Игор Ангеловски да биде дел од сениорскиот национален состав.
Од 1-ви септември почнува продажбата на билети за натпреварите од Лигата на Европа. Ќе се продаваат блок билети за сите три домашни меча, а ќе има и продажба на подеинечни влезници за секој натпревар.
Голот на Марио Манџукиќ, центарфорот на Јувентус, во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид е прогласен за најубав погодок оваа сезона во изборот на УЕФА.
Судот за арбитража во спортот ја одби жалбата на Фудбалскиот сојуз на Боливија, кој се жалеше на одлуката за казната со која репрезентацијата на оваа земја два натпревари ги изгуби од „зелената маса“.
Чешкиот напаѓач Патрик Шик кариерата ќе ја продолжи во Рома, соопшти италијанскиот клуб.
Папе Диоп, шпанскиот фудбалер и досегашен играч на Селта од Виго, потпиша договор со Лион.
Фудбалскиот клуб ПСЖ постигна договор со Монако за доведување на напаѓачот Килијан Мбапе на заем, пренесе „Скај“.
Кеита Балде, досегашниот играч на Лацио, кариерата ќе ја продолжи во Монако, а трансферот е вреден 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси.