Фудбалскиот клуб Јувентус од Торино ја раскина соработката со Бразилецот Дани Алвес.
Репрезентациите на Италија и на Германија ја комплетираа „четворката“ полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Полска.
Репрезентации на Мексико и на Португалија се пласираа во полуфиналето на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија откако на натпреварите од 3. коло од А групата постигнаа победи над Русија односно Нов Зеланд.
Мислам дека оставивме добар впечаток за прв настап на Европско првенство. Ова е големо искуство за мене пред се со 17 години, изјави Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Голема благодарност за секој од фудбалерите. Тие покажаа како треба да се игра за својата земја, истакна селекторот Благоја Милевски.
Германскиот прволигаш ги повика најголемите и најбогатите европски клубови да пратат понуди за нивниот најдобар стрелец Пјер-Емерик Обамејанг.
Талентираниот чешки напаѓач Патрик Шик дојде во Јувентус од Сампдорија за 30 милиони евра, соопшти италијанскиот шампион.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година Благоја Милевски рече дека ќе се обиде на вечерашниот дуел против Португалија да им овозможи настап на што поголем број играчи.
Селекторот на Македонија Благоја Милевски очекува неговите избраници и на овој натпревар да прикажат борбена игра со максимално залагање.
Диего Коста е на излезната врата на Челзи, а веќе неколку месеци траат шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.