Тоа го наведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во извештајот за изборното медиумско претставување на радиодифузерите од 22 април до 3 мај.
Мирниот, демократски и фер изборен процес, со што се избегна нова политичка криза, и потврдената поддршка за евроатлантските интеграции на земјата, се најважните пораки што ги носат конечните резултати од претседателските избори. Резултатите носат и пораки и за власта и опозицијата, оценуваат за МИА аналитичарите Петар Арсовски и Марко Трошановски.
Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка, се наведува во честитката на Вучиќ.
Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, му испрати писмо со честитка на новоизбраниот шеф на македонската држава, Стево Пендаровски
Амбасадата на САД му ја честита победата на Стево Пендаровски за претседател на Република Македонија и очекува заедничка соработка со него, со Владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ
Џереми Хант, министерот на надворешни работи на Велика Британија на твитер упати честитки за изборот на Стево Пендаровски за претседател на Македонија
Државната изборна комисија на денешната седница го усвои заклучокот за објавување на првични резултати од вториот круг на претседателските избори, според кој за претседател на Република Македонија е избран Стево Пендаровски
Задоволство од добро спроведениот втор круг од претседателските избори и од мирната и демократска атмосфера што овозможи слободно изразување на волјата на гласачите, искажале шефовите на набљудувачките мисии на денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров
Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО, и претседател на Охридската Група упати честитка за успешното спроведување на фер и демократски претседателски избори и изборот на новиот претседател на Република Македонија
Изборот на Стево Пендаровски за прв претседател на Северна Македонија со себе носи четири пораки: прв бран на прифаќање на новото име на земјата, непроменета регионална и надворешна политика, обединување на власта и подготовка за парламентарни избори, пишува Би Би Си на српски јазик