Во Општина Крива Паланка до 17 часот на гласање во вториот круг на претседателски избори излегле 61 отсто од вкупниот број граѓани запишани во Единствениот избирачки список, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Крива Паланка, Душко Арсовски
Во Општина Кичево на два часа пред затворањето на гласачките места, односно до 17 часот, своето право на глас го оствариле 14.314 избирачи или 28,46 проценти
Излезноста до 17 часот на 113 избирачки места во четирите општини во кочанскиот регион надмина 45 отсто
Во општините Дебар и Центар Жупа, до 17 часот изборниот ден минува без никакви проблеми, нема прговори ни забелешки околу изборниот тек
Граѓанската асоцијација МОСТ на денешната прес-конференција соопшти дека според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14:00 часот е 26,3 отсто, до 15:00 часот е 30,6, додека до 16:00 часот е 34,8 проценти
Министерството за внатрешни работи попладнево информира за евидентирани нерегуларности на неколку места во врска со гласањето на вториот круг од претседателските избори.
Во трите гостиварски општини до 15 часот, на гласање излегле 16.832 од запишаните избирачи. Најголем одѕив има во мавровско-реканскиот крај, а најнизок е во полошко
На 84 избирачки места во Општина Велес од запишаните 45.996 избирачи до 15 часот гласале 16.250 или 35,37 проценти
Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста во Куманово е 28,63 отсто или 25.233 гласачи, во Липково – 14,56 или 3.694 гласач, а во Старо Нагоричане – 34,15 отсто или вкупно гласале 1.137 гласачи
Во Општина Кичево излезноста се зголемува во попладевните часови и речиси е иста со првиот круг од претседателските избори