СДСМ, коалициските партнери и другите партии кои даваат поддршка за заеднички претедателски кандидат, вечер ќе одржат средба на која треба да биде утврдена личноста што ќе влезе во трката за нов шеф на државата на претстојните шести по ред претседателски избори.
Јавноста и натаму очекува објава на името на заедничкиот претседателски кандидат на коалициските партнери СДСМ и на ДУИ, што го договорија лидерите на двете партии Зоран заев и Ал Ахмети. Како што беше најавено по нивната средба во средата, името на кандидатот треба да биде објавено денеска, а во меѓувреме течат консултациите за приклучување и на Алтернатива и ДПА, како и на други партии.
Официјално, името на избраникот ќе го кажат денес, но неофицијално се уште постои внатрешна калкулација кој од трите имиња да трча за нив.
Професорката и кандидат за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓани од Општината Дебрца.
-Заедничка цел е да продолжат специјалните пријателски односи меѓу Турција и Македонија. Ќе работиме заедно на зацврстување на докажаното пријателство меѓу македонскиот и трускиот народ, стои во статусот на Силјановска Давкова.
Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот Фејсбук профил ја потврди веста која се појави на медиумите на албански јазик, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.
СДСМ и ДУИ на претседателските избори во април ќе излезат со заеднички кандидат. Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера по средбата со Заев рече дека ваквиот договор во иднина треба да биде стандард во нашата земја кој ќе биде корисен за граѓаните и за државата.
Тој посочи дека сака на граѓаните да им упатат порака дека во земјата, како што рече, „имаме доволно зрели политички партии, но и општество за да може да се донесе заедничка одлука за претседател на државата“
На попладневниот состанок помеѓу лидерите Зоран Заев и Али Ахмети, лидерот на ДУИ во изјава за медиумите истакна дека постигнале договор на претседателските избори да настапат заедно со консензуален кандидат.
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), Бејџан Илјас, на која се зборуваше за потребата од заеднички кандидат за претседател.