Немаме договор, поставивме услови на маса но во фаза сме на анализи сеуште, рече лидерот на Беса, Билал Касами по средбата со премиерот Зоран Заев во обид да се договорат за заеднички кандидат за претседател.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска по средбата со претседателот на опозициското движење Беса изјави дека разговарале за неколку предлози за можен заеднички претседателски кандидат на претстојните избори за претседател на државата.
Алијанса за Албанците и Беса се во постојани преговори со Алтернатива, за заеднички, надпартиски кандидат за претседател на државата, дознава Макпрес од извори во партијата предводена од Зијадин Села.
Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами во рамки на консултациите со коалициските партнери околу можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.
Сметам дека би бил добар консензуален кандидат за претседател и знам што треба да правам доколку бидам избран, изјави денеска Ѓорѓи Филипов, единствниот кандидат кој се јави на партискиот оглас на владеачката СДСМ за изборите за претседател на државата.
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска во Клубот на пратениците (13:30) ќе се сретне во претседателот на движењето Беса, Билал Касами во рамки на разговорите и консултациите со коалициските партнери околу можноста за изнаоѓање заеднички кандидат за престојните претседателски избори.
Согласно Роковникот за одржување на претстојните претседателски избори Државната изборна комисија најдоцна до денеска треба да ги формира односно дополни општинските изборни комисии (ОИК) со нови членови и заменици на место на членовите и замениците на кои по разни основи им престанал мандатот и да ги објави во Службен весник.
Ќе ве излажам ако ви кажам дека ако станам претседател, веднаш ќе го укинам Преспанскиот договор. Тоа може само Уставниот суд да го поништи и укине, истакна професорката Гордана Силјановска Давкова.
Многу корисен и пријателски разговор со Влатко Ѓорчев. Се договоривме да продолжиме да работиме заедно за Македонија, напиша кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.
Здружението „Инклузива“ на референдумсиот процес во 2018 година со 40 свои наблудувачи со попреченост за првпат стана акредитирана организација за мониторинг.