Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.
Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледуваат Предлог – обрасците за претседателските избори, како и предлог-обрасци на избор на градоначалник на општината, Предлог одлука за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи, како и Предлог – одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на изборите 2019 година.
Партискиот оглас на СДСМ за пријавување кандидати за претседател на државата заврши вчера, а официјално е позната само кандидатурата на поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Владејачката партија не соопшти други имиња, во обид да најде кандидат прифатлив за граѓаните од сите етнички заедници и социјални слоеви, личност која ќе ја одразува идејата: едно општество за сите.
Премиерот Зоран Заев во завчерашната изјава за медиумите по средбата со лидерот на ДУИ, истакна дека и членот на МАНУ Абдулменаф Беџети како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи се во игра за прв човек на државата.
Заев се мисли, можно е пред 3 март сепак да истрча како консензуален кандидат?
Прво ќе побарам од било кој од пратениците да предложат закон, односно за измена на законот за привилегиите на претседателот по завршување на мандатот, се разбира тој закон нема ретроактивно и ќе важи од мене натаму.
Претседателот на Собранието ги распиша изборите за претседател на Република Македонија, јас се уште не сум тоа, но ако бидам, ќе чуете тогаш како ќе се заколнам.
Владата треба да продолжи со нормализација на ситуацијата и внатре во државата и надвор. Со нормализација на функционирање на институциите на системот затоа што пред нас имаме многу важни задачи, како што се отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО од страна на парламентите на државите што се членка на НАТО.
„Алтерантива“ на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи се согласни да продолжи процесот за изнаоѓање заеднички кандаидат за претседател на државата. Ова вечерва го изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратеници, по средбите со лидерите на овие две политички партии.
Лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши попладнево изјави дека денеска имале многу добра и плодна средба со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, а главна тема беа претседателските избори и обидот да се изнајде заеднички кандидат кој би бил прифатлив за сите граѓани.