Досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата на ОБСЕ во земјата го даде во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, се од голема полза за Република Македонија, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат за претседател на државата што објави дека ќе се пријави на партискиот оглас на СДСМ, што е отворен до 19 февруари.
Тековни прашања поврзани со подготовките на сите потребни услови за успешна реализација на претстојните претседателски избори и предвремени локални избори во трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село биле тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со членовите на ДИК.
Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов е првиот кандидат за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ, што е отворен до 19 февруари.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите.
Граѓаните на 21 април ќе го избираат шестиот претседател на Република Македонија. На истиот датум ќе се одржат предвремени избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар.
Електронските медиуми (интернет портали) до ДИК треба да поднесат барање за упис во регистар на електронски медиуми (интернет портали) и тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Македонија не постара од шест месеци, задолжително во прилог на барањето.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва го потпиша решението за распишување на шестите претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април, како и решенијата за предвремени избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар. Тие ќе бидат доставени до Државната изборна комисија.
Имено, како што дознава Макпрес од извори на Бихаќка, на партиските анкети во СДСМ уште во водство е министерот Оливер Спасовски, пред колегите Радмила Шеќеринска и Никола Димитров, но и пред Стево Пендаровски.
СДСМ се уште го нема дефинирано својот став дали да оди на предвремени избори, оти дилемата е дали да се оди на нов мандат или да се фокусираат на евроинтеграциите и добивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев.