Победата на Стево Пендаровски на претседателските избори, синоќа и денеска е главна вест во српските медиуми. Објавија повеќе текстови за тоа кој е Пендаровки и анализи од вчерашниот втор круг.
Вториот круг на претседателските избори беше добро спроведен и помина во мирна и спокојна атмосфера. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучи меѓународната набљудувачка мисија за изборите во земјата на денешната прес-конференција.
– Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес, посочи претседателот на МОСТ, Дарко Алексов.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му ја честита денеска на Стево Пендаровски победата на претседателските избори, а на граѓаните на Северна Македонија им честита за слободните и демократски избори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Грчките медиуми во своите извештаи за вчерашниот втор круг од претседателските избори кај нас акцентот го ставаат врз постигнатиот цензус и победата на Стево Пендаровски.
Вчерашните избори за претседател на РСМ поминаа во мирна и демократска атмосфера, без нарушувања на изборниот процес и без било какви кршења на изборните правила и стандарди.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц му го честита на Стево Пендаровски изборот за нов претседател на Република Северна Македонија.
Со освоени над 55.000 гласови повеќе од противкандидатот, претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски синоќа прогласи победа по објавувањето на резултатите од вториот круг на претседателските избори.
Меѓународните набљудувачи кои вчера го следеа првиот круг од претседателските избори денеска на прес-конференција во Скопје ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци.