Исходот на овие избори, рече, е загарантиран патот напред, напред за сите како држава и напред кон ЕУ и НАТО и еконмски развиениот свет каде што припаѓаме.
Претседателот на Република Албанија, Илир Мета му го честиташе изборот на Стево Пендаровски за претседател на Републка Северна Македонија.
-Му честитам на Стево Пендаровски на изборот и се надевам дека функцијата ќе ја извршува успешно, рече Дерковски на вечерашната прес-конференција.
Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на Република Северна Македонија, покажуваат првичните резултати од денешниот втор круг на претседателските избори.
Централниот изборен штаб на Демократската партија на Албанците им се заблагодари на сите активисти и симпатизери за напорите и ангажманот што ги дадоа во вториот круг од претседателските избори.
На предвремените избори за градоначалник во Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов. Предноста пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков е со 19 гласови.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му ја честиташе победата на Стево Пендаровски и оцени дека станува збор за триумф на концептот за консензуална демократија. Според него тешко било да се спроведе тој концепт и да се објасни пред јавноста, но бил единствен пат за одење напред.
Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.
Пратеникот и секретар на ДУИ Артан Груби на својот фејсбук профил објави статус во кој вели дека без нив не ја бива работата.
Албанското гласачко тело му донесе победа на кандидатот за Претседател поддржан од ДУИ и СДСМ, Стево Пендаровски.