На речиси 95% од обработените гласови разликата помеѓу кандидатот на СДСМ и ДУИ е константна, а кандитот Стево Пендаровски победи со околу 60.000 гласа разлика пред кандидатот за Претседател на Македонија, професорката Силјановска.
Политичката партија Алтернатива му ја честита победата на Стево Пендаровски, а изборите ги оцени како коректни, со што, како што истакнуваат, е загарантиран евро-атлантскиот пат.
Според податоците на Државната изборна комисија на 89,94% од преброените избирачки места, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е извесен победник на претседателските избори.
На претседателските избори кандидатот Стево Пендаровски освои 51,51 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 44,93 отсто покажуват резултатите од ПВТ на Граѓанската асоцијација МОСТ.
Според половината од пристигнатите резултати од обработени изборни гласачки места тенденција на сигурно и стабилно водство покажува заедничкиот кандидат Стево Пендаровски и очекувам таа тенденција да се задржи и тој да биде прогласен за претседател, изјави вечерва на прес-конференција портпаролот на СДСМ Коста Костадинов.
До 19 часот до основните јавни обвинителства, посочи Бајрами, нема други пријавени настани поврзани со денешниот изборен циклус.
На 37.08% обработени гласачки места за градоначалник на Охрид разликата помеѓу двата кандидати е околу 600 гласа.
На 79,36% обработени избирачки места предноста на Пендаровски пред Силјановска е некаде околу 60.000 гласа.
Според податоците на ДИК, Пендаровски води со околу 7.500 гласа во Сарај, 4.500 гласа во Врапчиште, 5.500 гласа во Липково, 4.000 гласа во Студеничани, 3.500 гласа во Дебар, 3.000 гласа во Желино, 7.500 гласа во Гостивар, 6.500 гласа во Струга...
Според мапата на Државната изборна комисија, може да се забележи дека предноста на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски од 45.000 гласа е целосно направена во Албанските општини.