Во Чешиново Облешево без никаква причина приведени се двајца набљудувачи на ВМРО-ДПМНЕ и тоа еден претседател на Општинскиот комитет како и еден поранешен кандидат за пратеник од оваа партија.
Кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски очекува мирен изборен ден и, како што рече, уште поубедлива победа во вториот круг на претседателските избори.
Очекува по изборите да се продолжи со процесите и унапредување на квалитетот на живот на нашите граѓани.
Иванов очекува идниот претседател да има многу помирен мандат, да се справи со сите предизвици и да наоѓа решенија со сите институции за добробитта на земјата, на граѓаните и за остварување на стратегиските цели што ги имаме поставено.
Постигнат е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Републиката во вториот круг на претседателските избори.
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на вториот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
До 18:30 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во Општина Конче со 59,4 отсто од запишани 2.744 избирачи
Во најзападните општини во државава, Дебар и Центар Жупа изборниот ден изминува во фер и демократска атмосфера. Нема ни приговори, ниту забелешки околу изборниот тек
Во вториот изборен круг во Општина Велес од вкупно 45.996 на 84 избирачки места до 17 часот излегле да гласаат 19.547 или 42,55 отсто од избирачите
На два часа до затварањето на избираките места во трите гостиварски општини на гласање излегле 22.009 од запишаните избирачи