Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 17:00 часот изнесува 38,23 проценти. Гласањето се одвива тековно и нема пријавено нерегуларности на гласачките места, информира на денешната прес-конференција директорот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски
Вкупно 33.976 гласачи од Куманово до 17 часот го оствариле своето право на глас на шестите претседателски избори во земјава, од вкупно 92.839 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 36,84 проценти. Од 167 гласачки места процесирани се 91,01 отсто, или вкупно 157
Општина Јегуновце со најголема излезност од 29,60 отсто, Тетово со 23,14 отсто и најмала во Желино од 12,42 отсто, евидентирале општинските изборни комисиии во тетовскиот регион во рамки на вториот изборен круг на претседателските избори
Во Штип излезноста до 17 часот е 49,48 отсто. Претседателката на ОИК –Штип, Сенка Андреева вели дека до 17 часот на 77 избирчаки места своето право на глас го искористиле вкупно 20. 645 избирачи
Во пелагониските општини, Долнени, Крушево и Кривогаштани излезноста до 17 часот е поголема во споредба со првиот круг на претседателските избори
Без забелешки, регистрирани неправилности и приговори минува изборниот ден од вториот круг на претседателските избори во општините Гевгелија,Валандово,Богданци и Дојран во кои е надмината потребната излезност
Од запишаните 52.273 односно 52.193 граѓани на Охрид со право на глас, до 17 часот на гласање излегле 34.375 граѓани или 46,7 отсто, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски
Во Општина Струга до 17 часот излезноста е 24,27 отсто, во Ресен 39, а во Вевчани скоро 58 проценти, информираат општинските изборни комисии
До 17 часот на подрачјето на Општина Битола гласале 45,50 насто од вкупниот број на гласачи запишани во Единствениот избирачки список
Во Демир Капија до 17 часот гласале 60.28 отсто од гласачите, во Неготино 55.98, Кавадарци 51.23, а во Росоман своето право на глас го оствариле 54 проценти од лицата запишани во единствениот избирачки список