Државната изборна комисија на youtube каналот објави видео во живо на кое може да се следат резултатите од изборите од интерниот софтвер на Комисијата.
На околу 70% од обработените гласови според Државната изборна комисија, резултатите се изедначени односно СДСМ има добиено околу 36,76% од гласовите додека ВМРО-ДПМНЕ околу 35,96%.
– Овие известувања се примени во обвинителствата, но истите се прекршоци согласно член 190 став 2 од Изборниот законик и за постапката кон нив се надлежни други органи, информира Бајрами.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на втората прес-конференција по завршување на изборниот ден наброја неколку градови и општини каде, според него, партијата извојувала убедлива победа.
Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од еден час не функционира.
Според податоците на аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 37% обработени гласови, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ добила 109.670 гласови додека Коалицијата СДСМ добила 99.447.
Граѓаните ја сфатија сериозноата на ситуацијата во која се наоѓа државата и во огромно мнозинство одлучија за обнова, изјави генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и за мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати.
Како известуваа дел од западните медиуми за предвремените парламентарни избори што се одржаа денеска.
Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласалаат, почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот и го дале нивниот придноес кон развојот на нашето демократско општество.