Тој праша зошто ако упатството е незаконско, како што тврдеше Дамјан Манчевски, владата во Уредбата не ѝ додели време на Беса.
Во врска со најновите измени на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите, кои беа усвоени вчера на Влада, Претседателот на ДИК Оливер Деркоски во емисијата Топ тема на Телма Телевизија оцени дека е некоректкно „правилата да се менуваат во 5 до 12“.
Прашан за Упатство за лимитите за платено политичко рекламирање на изборите во 2020 година што го подготвува АВМУ, Трајчевски рече дека од медиумите разбрале за Уредбата на Владата.
Речиси 20 отсто од избирачките места се променети локациски со цел да се обезбедат поголеми простори на денот на изборите.
За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме, пишува на својот фесјбук профил, техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Затоа се обврзувам на раст на БДП од 4 до 5% секоја година, невработеност под 10 осто, повисоки плати за 25%, ниски даноци, најниски во Европа од 8%, воведување на индустријализација која ќе донесе повеќе пари за секого. И верувам и знам дека македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот- рече Мицкоски.
На денешната промоција на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ – „Проект Обнова“, се обрати советникот од стратешкиот тим на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, д-р Сашко Кедев.
Почнат е увидот на 77-те избирачки места во Штип, со цел да се утврди колку од нив ќе ги задоволат стандардите дадени со протоколот за спроведување на предвремените парламентарни избори на 15 јули
Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме.
Предвремените парламентарни избори кои годинава се одвиваат под многу специфични околности, се предизвик за сите. Важно е, како никогаш до сега, во услови кои ќе обезбедат заштита на здравјето на граѓаните, сите чинители да покажат зрелост, институциите да спроведат фер и демократски избори и со тоа да се оневозможи каква било злоупотреба на изборниот процес