Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршување на изборниот ден истакна дека нивната партија ја постигнала целта, бидејќи, според него, концептот за прв премиер Албанец добил поддршка од граѓаните.
Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на уставот и на законите.
Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека од информациите, што ги имаат од нивните штабови, покажува дека се во преднос и очекуваат победа. Но според него ова биле најнекоректни избори.
Во Делчево во 21 часот навреме беа затворени гласачките места, а веќе започнаа да пристигнуваат и ливчињата од вкупно 36 избирачки места на кои се гласаше.
Сите 47 избирачки места во Крива Паланка и 13-те во Ранковце се затворени навреме, точно во 21 часот, со што официјално заврши гласањето за предвремените парламентарни избори во државата.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прес конфернцијата рече дека ДУИ е задоволна од тоа тоа како се одвивал денешниот изборен процес.
Реплицирајќи кон соговорникот, тој додаде дека иако излезноста во третата и четвртата изборна единица е пониска во споредба со претходни изборни циклуси, сепак, факт е дека е повисока во однос на другите изборни единици.
Точно во 21:00 часот затворени се сите 84 избирачки места во општина Велес, 11 избирачки места во општина Градско и 30 избирачки места во општина Чашка.
До 20:45 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Конче со 65 отсто од вкупно запишани 2.724 избирачи во Избирачкиот список.
Во Општина Штип се затворени 80 гласачки места. Престедателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека Штип имаше мирен ден, а изборите поминаа во фер и демокртаска атмосфера.