Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди кандидатските листи на партијата Глас за Македонија за пет изборни единици
Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата
Доколку ова не биде направено Твоја партија не гледа место за себе во вакви услови да учествува на изборите и уште повеќе, гледа место за поведување постапки за кривична одговорност врз основа на истите членови од законите кои беа посочени од самата Влада.
Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека утрово разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април
Во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во аферата Рекет биле изрекетирани голем број на бизнисмени од кои е земено над 20 милиони евра рекет.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со шефицата на мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР, во државава Тана де Зулуета.
Во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата во изборната единица 4 потенцира дека е убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ над Зоран Заев во 4-тата изборна единица
На гостувањето на телевизија Алфа, Дурловски посочи дека како носител на листа на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ги убеди граѓаните и да им говори за вистинската страна.
Игор Дурловски, носител на лисатата на кандидати за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во изборна единица 5 на вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа говореше за граѓанскиот активизам и состојбите во државава во последните три години.