Тој нагласи дека СДСМ целосно ги почитува препораките на надлежните институции во врска со корона вирусот и така и ќе продолжи, повторувајќи дека како партија веднаш ги откажа сите масовни теренски активности на Зоран Заев и на партиското раководство.
Она што треба да го имаме сите во предвид, будно да се следи ситуацијата како ќе се развива, без разлика на тоа што веќе влегуваме дефакто во изборите најбитно е здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија.
Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 при своето гостување на емисија „Само вистина“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има листи со искусни и нови кадри, со што ќе резултира со уште подобар пратенички состав.
Амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние денеска беше во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово на средба со претседателот на Мендух Тачи со кој во најголем дел разговарале за претстојните избори.
Демократската Унија за Интеграција на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април ќе се кандидираа со 98 отсто млади кадри, од кои 49 отсто се жени. Една од нив е и Фиснике Бектеши, универзитетска професорка, која денеска од седиштето на ДУИ во Скопје, изјави дека е горда што е една од 58 жени од вкупно 120 кандидати на овој политички субјект што ќе се кандидира за следните парламентарни избори
Мобилна апликација за едукација и освежување на знаењето за правата и обврски за постапување на полициски службеници за време на избори, беше презентирана денеска во Министерството за внатрешни работи
Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција смета дека граѓаните треба да бидат поактивни во процесот на реформите и да излезат помасовно на претстојните избори. Тој по неговата посета на општина Гостивар најави дека претстојната кампања и парламентарните избори ќе бидат будно следени
Рокот за поднесување кандидатски листи до Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени парламентари избори за 12 април завршува вечерва на полноќ
Ноќеска на полноќ заврши рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за предвремените парламентарни избори на 12 април
До ДИК до денеска листи доставиле Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици и Глас за Македонија за пет изборни единици.