Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција оцени дека изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци.
Заврши гласањето за предвремените парламентарни избори во општините од Малешевскиот регион. Според информациите на заменик претседателот на ОИК, Љупчо Бошнаковски, процентот на излезност во Берово до 20:30 часот изнесува 63,26 проценти.
Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти.
Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето.
Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, своето гласачко право го оствари во неговото родно место, струшкото село Ливада.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши го оствари своето право на глас во избирачкото место 2506, во населбата Ченто во Скопје.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 Игор Јанушев го оствари своето право на глас во избирачкото место во просториите на Општина Велес.
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери го оствари своето гласачко право на избирачкото место во гостиварското село Форино.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети и носител на кандидатската листа во Шестата изборна единица го оствари своето гласачко право на избирачкото место 0816 во кичевско Зајас.