Таравари рече дека очекува да имаме фер и достоинствена кампања без навреди и уцени, како и без злоупотреба на власта.
Мицкоски вети дека доколку ја добие довербата од граѓаните да ја раководи следната Влада културата ќе доживее вистинска обнова.
Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.
Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за пратеници. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно Градот Скопје.
Првата предизборната коалиција меѓу македонска и албанска политичка партија е логично продолжување на сите досегашни политики и заложби за напуштање на концептот на поделби по етнички кампуси за сметка на создавање цврсти темели на новата политичка платформа
- Потребно е вртење на нова страница и воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата.
Граѓанска акција за Македонија "Излези гласај" во контекст на предизборниот мониторинг, а во врска со смената на имињата на чаирските училишта и ветувањето на Владата за грантови од 70 милиони евра констатираше изборен поткуп и злоупотреба на државни ресурси.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи ќе ги набљудува претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев се надева дека заедно со партиите од коалицијата на предвремените парламентарни избори ќе победат со повеќе од 61 пратеник
Од почетокот на јавниот увид во Избирачкиот список на 26 февруари до 1 март, во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) 2.613 граѓани ги провериле своите податоци